Aybala Arpacı
15 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - На северот од Сирија, со помош на тенкови од типот Фиртина, поддржани од авионите на коалицијата, уништени се позиции на ДАЕШ кои се подготвувале да гранатираат делови во Турција, при што се неутрализирани и десетмина терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според воени извори, вчера, на северот од Сирија, биле лоцирани 17 позиции на ДАЕШ. По одредувањето на целите, Турските вооружени сили извршиле гранатирање на целите со тенковите Фиртина.
Врз истите цели воздушен напад извршиле и коалиционите сили.
Во заедничката акција на турските тенкови и авионите на коалицијата, беа уништени ракетните гнезда на ДАЕШ, опремени со катјуша и минофрлачи. Според првичната идентификација неутрализирани се и 10 терористи.