Jeyhun Aliyev
19 Јануари 2021•Ажурирај: 20 Јануари 2021
КАРАБУК
Сафранболу, типичен османлиски град во северниот дел на Турција, што го заштити својот историски архитектонски карактер, во 2020 година привлече локални и странски туристи девет пати повеќе од неговата популација и покрај ограничувањата поради коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лоциран во црноморската област Карабук, кој се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско наследство и живописно ја одразува османлиската ера. Неговите 50.000 жители ги зачуваа традиционалните карактеристики на турското општество и култура.

Според локалното претставништво на Дирекцијата за култура и туризам, минатата година, повеќе од 480.000 локални и странски туристи го посетија Сафранболу.
Над 120.000 посетители престојуваа во естетски дизајнираните традиционални куќи изградени помеѓу 18 и 20 век, генерално составени од три ката и до осум соби.
Минатата година најмногу странски туристи дошле од Тајван, Кина, Јужна Кореја и Германија. Градот го носи името на цветот од шафран одгледуван во регионот, тогаш важен центар на историскиот пат на свилата.
Во 2019 година, пред пандемијата на Ковид-19, над 1,2 милиони туристи по посетија подрачјето.
Автентичните куќи во Сафранболу се изградени од камен. Градот е музеј на отворено со своите традиционални гостилници, бањи, замоци, фонтани, џамии и мостови.