Meriç Ürer
19 Јануари 2021•Ажурирај: 20 Јануари 2021
ИЗМИР
Турските сили извршија операции во 60 области во Турција, како и во Турската Република Северен Кипар, против структурирањето на терористичката организација ФЕТО во Турските вооружени сили (ТСК), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Приведени се 160 од вкупно 238 осомничени за кои е донесена одлука за приведување и е откриено дека биле во контакт со таканаречените „тајни имами" на оваа организација.
Во рамки на истрагата на Републичкото главно обвинителство во Измир против структурирањето на ФЕТО во ТСК, полициските тимови започнаа операција за фаќање на 238 лица, од кои 218 во активна служба, за кои се вели дека имале контакт со тајните имами на оваа терористичка организација.
Полициските тимови извршија истовремени операции на различни локации во 60 области во Турција, како и во Турската Република Северен Кипар, при што приведени се 160 осомничени, припадници на Командата на копнените сили, Командата на воздухопловните сили и Генералната жандармериска команда.