Турција

Свадба од приказните што траеше три дена и три ноќи

Индијците одвојуваат буџет од 40 - 45 милијарди долари само за свадби во странство. Тоа формира посебен сектор во светот. Сите земји кои имаат туристички капацитети и можност за подготовки на свадби, се обидуваат да ги организираат овие церемонии.

Leyla Ataman Koyuncuoğlu  | 21.04.2018 - Обновена : 22.04.2018
Свадба од приказните што траеше три дена и три ноќи

Antalya

АНТАЛИЈА (АА) - Лејла Атаман Којунџуоглу

Во Анталуја, 100 готвачи подготвија јадења од светската кујна, 40 пејачи и голем број танчерски групи излегоа на сцената, а повеќе од 1.000 гости од 20 земји учествуваа во свадбата како во приказните, која траеше три дена и три ноќи, јавува Anadolu Agency (AA).

Несекојдневната сведба се одржа во еден хотел со 5 ѕвездички во подрачјето на Белек, Анталија. По три дена забава, свадба заврши со церемонијата на земањето на невестата.

Свадбата ја организираше трговецот со дијаманти од Индија, Рамеш Вирани, кој го женеше синот Дхаирја Вирани со Ајеша Махтани. Богаташот Рамеш Вирани одбра свадбата која се одвиваше според индиските традиционални обичаи да ја направи во Анталија.

Семејството кое ја организираше свадбата не даде информации колку го чинело, но се претпоставува дека трошоците се над 2 милиони долари. За потребите на свадбата од Индија се допремени шест контејнери декорација, аудио и светлосна опрема. Ангажирани се 100 готвачи, донесени од странство за подготвување на јадењата. Готвачите, покрај јадењата од индиската, подготвија и јадења од мексиканската, европската, јапонската и корејската кујна. Покрај тоа, од Индија се донесени 200 лица за потребите на техничката и декорациската екипа. За време на сведбата, 40 пејачи и голем број танчерски групи настапија на сцената.

На свадбата учествуваа повеќе од илјада гости од 20 земји. Невестата е од Хонг Конг, а младоженецот и од Индија и од Хонг Конг. Поголемиот дел од гостите на свадбата учествуваа облечени во традиционална индиска носија.

Церемонија на кавга

По првите два дена во кои се одржа церемонијата на кана и други индиски обичаи, свадбата заврши по церемонијата на кавга и големата забава која се одржа во дворот на хотелот.

Последниот ден, пред церемонијата се одржа забава на плажа, а гостите ги пречека Мехтар група (османлиски воен оркестар).

На свадбата се одржа и „церемонија на кавга“, една од најважните церемонијални настани на индиската свадба, според индиските традиционални обичаи, во кој машката страна, играјќи, оди кон женската страна. За церемонијата на земање на невестата, по целото крајбрежје на хотелот беше поставен црвен килим и светлосна опрема. Танцувачката церемонија на земање на невестата траеше речиси 3 часа. Гостите кои се забавуваа, играјќи по патеката, постојано беа услужувани од екипата која го служеше кетерингот.

Имаше емотивни моменти, кога според индиските обичаи, младоженецот ја зеде невестата од нејзиниот татко. Потоа невестата и младоженецот, под шареноликото осветлување, цвеќиња и танчери, дојдоа до местото за забава. Забавата проследена со музика, танци и огномет, продолжи до утринските часови.

Гостите на свадбата имаат можност да останат во хотелот до 24 април.

Индиска свадба

Организаторот на свадбата, туристичката компанија „Бунјат Озпарк“ изјави дека Индијците ѝ придаваат големо значење на свадбената церемонија, истакнувајќи дека таа трае од три до четири дена, при што се трошат големи финансиски средства.

„Индијците многу сакаат да се забавуваат на свадбите. Тие три до четири дена, главно ги поминуваат со малку сон и многу јадење, пијалаци и забава. Тоа е народ кој ѝ придава големо значење на свадбената церемонија, и затоа за свадбата ја користи сета своја економска моќ“, изјави Озпак.

Озпак информираше дека во Индија годишно се организираат 1 милион свадби, од кои 10.000 се прават во странство, продолжувајќи со зборовите:

„Одвојуваат буџет од 40 - 45 милијарди долари само за свадби во странство. Тоа формира посебен сектор во светот. Сите земји кои имаат туристички капацитети и можност за подготовки на свадби, се обидуваат да ги организираат овие церемонии. Турција поседува сериозен потенцијал, и затоа се обидува да се презентира во Индија. Засега Турција има само мал удел во организирањето на индиски свадби. Во моментов, најголем дел од организирањето на овие свадби го има Тајланд, а потоа следуваат Италија, Дубаи и некои европски земји.“

Озпак информираше дека до крајот на годината ќе организираат шест индиски свадби во Анталија, три во Турската Република Северен Кипар и една во Истанбул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.