Kemal Karadağ
21 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
АНКАРА (АА) - „Грција стана собиралиште на криминалци“, се вели во писмото од министерот за правда на Република Турција, Aбдулхамит Ѓул, испратено до неговиот грчки колега Ставрос Кондонису, во врска со Одлуката на Врховниот суд на Грција, со која пучистот на ФЕТО Сулејман Озкајнакчи е пуштен на слобода, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓул во писмото потсети дека по обидот за државен удар од ФЕТО на 15 јули 2016 година, загина 251 лице, а беа повредени повеќе од 2 илјади луѓе, додека пак, 8 терористи на ФЕТО избегаа со хеликоптер во Грција.
Тој истакна дека неговата земја досега во три наврати испрати барање за екстрадиција на осумте пучисти, но сите три барања се одбиени.
Ѓул порача дека ваквиот став на Грција кон терористите кои се обидоа да извршат државен удар во Турција, ја става во сенка солидарноста меѓу двете земји.
„Она што го забележавме во текот на еден период од обидот за државен удар, па наваму, е фактот што Грција стана засолниште за криминалци од нашата земја. Во Грција има членови на терористички организации од нашата земја. Грција стана собиралиште за криминалците“, рече Ѓул во писмото.
Грчкиот Врховен суд, пред два дена ја разгледуваше жалбата против Одлуката на Апелациониот суд во Атина, кој во јануари го суспендираше процесот на доделување на азил на Сулејман Озкајнакчи, усвојувајќи ја жалбата на грчката Влада. Всушност, грчката Влада побара од Судот да го прекине процесот на доделување азил, поради можноста за влошување на односите со Турција.
Врховниот суд донесе Одлука Озкајнакчи да биде пуштен на слобода со мерки за забрана, според кои е должен да ја пријави адресата на престој која нема да биде објавена, секој ден да се јавува во полицијата и да не ја напушта земјата.
Судот во Грција неколкупати донесе Одлука за да не изврши екстрадиција на осумте турски војници-пучисти, кои како членови на терористичка организација ФЕТО учествувале во неуспешниот обид за државен удар во Турција, а потоа со хеликоптер на турската армија побегнале кон Грција.