Merve Yıldızalp
14 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека турските безбедносни сили заробиле вооружени терористи во Африн, северна Сирија, кои се обиделе да се инфилтрираат во планините Аманос, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојлу во зградата на Министерството ги прими претставниците на турската жандармерија по повод 183-годишнината од формирањето на оваа безбедносна институција.
„Во оваа прилика сакам да ви пренесам нови информации. Нашите безбедносни сили заробија вооружени терористи во Африн, кои се обидоа да се инфилтрираат во областа на планините Аманос“, рече Сојлу.
Тој праша дали терористите ќе бидат запрени доколку во Африн нема турска полиција и жандармерија и додаде:
„Ова е нашата порака до оние чиј поглед е толку тесен што не можат ни да си го видат носот, а е јасна и недвосмислена. Ве молиме фокусирајте се на интересите на оваа земја и нација и фокусирајте се на интересите на човештвото“, додаде турскиот министер за внатрешни работи.