Barış Gündoğan
14 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Републичкото обвинителство на Туркије (Турција) во Анкара издаде налог за апсење на 59 лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, а станува збор за осомничени за местење испити во јавните служби и универзитети, известува Агенција Анадолија (АА).
Осомничените се поврзани со крадење на прашања за приемни испити (KPDS, ALES, YDS, UDS) во периодот од 2011 до 2013 година. Станува збор за испити по англиски јазик, кои се неопходни за прием во јавната служба и на постдипломски студии.
Со истрага е потврдено дека осомничените пред споменатите испити дошле до прашањата кои ќе бидат дадени на тестирањето, па во таканаречените „куќи на ФЕТО“ ги поделиле на лицата блиски на организацијата и така им овозможиле да го положат испитот со високи оценки.
Налогот за апсење е распишан за вкупно 59 лица, а во моментот се спроведуваат апсења во 29 турски градови.
Терористичката организација Фетулаџи (ФЕТО) е одговорна за крвавиот пуч во Туркије, ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Туркије официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во државната служба, инфилтрирајќи се на тој начин во државните институции. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО, со монтиран процес за наводна корупција, се обидоа во правосудството на Туркије да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, изведен од страна офицери кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска. Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Туркије, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските претставници.
Во текот на обидот за пуч во Туркије убиени се 251, а ранети се 2.734 лица.