Aida Cako
21 Мај 2025•Ажурирај: 22 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) – Стадо диви коњи слободно галопира по висорамнините на планината Јама, најголем дел од неа се наоѓа во Сивас, но се протега и кон северниот дел на областа Малатија, во Источна Турција, јавува Анадолу.
Планината Јама, позната по неистражената природна убавина и културно значење, станува сѐ попопуларна дестинација за љубителите на природата, особено за планинарите, камперите и параглајдеристите.

Од нејзините врвови има импресивен поглед кон Даренде и околните долини, а дивите коњи создаваат уникатна глетка додека трчаат по отворените пространства, симболизирајќи ја хармонијата меѓу животинскиот свет и планинскиот пејзаж.