Alper Atalay
29 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска во Анкара се состана со претседателот на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ), Исмаил Кахраман, јавува Anadou Agency (AA).
Состанок се одржа во зградата на Парламентот во Анкара, а откако фоторепортерите и камерманите направија снимки од средбата, состанокот продолжи зад затворени врати.
По состанокот, Тачи во придружба на претставникот на претседателот на Парламентот, Ахмет Ајдин го посети и делот на зградата што беше бомбардиран при обидот за државен удар во оваа земја, ноќта на 15 јули оваа година.