Zafer Fatih Beyaz,Cemil Murat Budak
29 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Обвинителството во Анкара, во рамките на истрагата за терористичката организација ФЕТО/ПДЈ издаде налог за приведување на 70 турски полицајци. Некои од нив уште претходно беа суспендирани од работа. Поради тоа, утрово, во пет турски градови започнаа акцијата за приведување, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителството во Анкара во борбата против организираниот криминал веќе започна акција за приведување полицајци за кои е утврдено дека ја користеле апликацијата „БајЛок“. Станува збор за канал за тајна комуникација меѓу членовите на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани во државните и во јавните институции на Турција.
Акцијата за приведување на турските полицајци е во тек, а се спроведува во најмалку пет турски градови. Меѓу полицајците за кои е издаден налог за приведување има и службеници што претходно се разрешени од функцијата.
„БајЛок“ е систем за шифрирана комуникација што го користеа членовите на терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, одговорен за неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули оваа година. Преку овој канал за комуникација, раководството на ФЕТО на своите членови им испраќало наредби и инструкции за терористички активности, со што оваа организација го поткопува системот во Турција и државата.