Aynur Ekiz
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со палестинскиот претседател Махмуд Абас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Извор од Кабинетот на турскиот претседател изјави дека Ердоган му се јавил на Абас кој неодамна е хоспитализиран поради здравствени проблеми и му посакал брзо закрепнување. Тој изразил задоволство поради информациите дека здравствената состојба на Абас е добра. Двајцата лидери разговараа и за последните случувања во врска со Палестина.
Турскиот претседател разговараше со Абас и за вонредниот Самит на земјите членки на ОИС, одржан во Истанбул на 18 мај, како и за усвоената Декларација.
Претседателите истакнаа дека Самитот на ОИС, кој бил успешно одржан, е важен и од аспект на заземање заеднички став на исламските земји.
Тие ја повторија одлучноста, прашањата за преместувањето на Американската амбасада во Ерусалим и убивањето на невините демонстранти во Газа од страна на израелските сили, да се изнесат пред ОН.
Абас се заблагодари на Ердоган и на Турција за поддршката која ја пружаат на Палестина.