Seyit Ahmet Aytaç
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Турција денес се уапсени 11 осомничени лица обвинети поради поврзаност со терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициски извори соопштија дека Одделот за борба против тероризмот уапсил 11 осомничени терористи во Истанбул и во северозападната област Текирдаг.
Полицијата за време на операцијата заплени и пушка, 18 куршуми и 2.060 кутии шверцувани цигари.
ПКК - која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата 30-годишна вооружена кампања против Турција во јули 2015 година.