Mümin Altaş
05 Февруари 2020•Ажурирај: 05 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ПКК/ЈПГ изврши напад со ракета „Град“ во Африн, при што животот го загуби еден ученик, додека седум ученици се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана на Турција го потврди ова преку соопштение објавено на социјалната мрежа Твитер.
„Терористичка организација ПКК/ЈПГ, која покрај нападите со возила бомби, ги таргетира и невините цивили во северниот дел на Сирија, сега лансираше четири ракети „Град“ врз две училишта и една џамија во центарот на Африн. Во овој подмолен напад на оваа терористичка организација загина еден ученик, додека седум ученици беа повредени“, се наведува во ова соопштение.