Ekrem Payan
13 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
ШИРНАК (АА) - Во близина на градот Бејтушшебап од провинцијата Ширанк, терористите на ПКК активирале поставена бомба, од која загина еден војник, а двајца се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Од безбедносни извори се дознава дека во околината на селото Ајвалик, додека турските војници вршеле испитување на теренот, терористите на ПКК ја активирале претходно поставената бомба.
Од експлозијата се ранети тројца војници, од кои еден потешко. Ранетите војници со хеликоптер биле префрлени во државната болница во Ширнак. И покрај укажаната лекарска помош, тешко ранетиот војник им подлегнал на повредите.
Во подрачјето продолжува акцијата придружена со воздушна поддршка за фаќање на терористите.