Ekipa
16 Февруари 2019•Ажурирај: 18 Февруари 2019
КОЏАЕЛИ (АА) - Турските спасувачки тимови се упатија кон брегот на Црното Море за да ѝ помогнат на посадата на товарниот брод кој утринава се насука на плажата на северозападниот дел на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, товарниот брод со ознаки на Литванија се насукал утринава на брегот на Црното Море, во местото Бабали Дикили, во близина на градот Коџаели.
Кон бродот се упатени екипите на Управата за крајбрежна безбедност, жандармеријата и пожарникари.
Товарниот брод се насукал на песокот и моментално се наоѓа на околу една милја од брегот. Спасувачките служби се подготвени за интервенција, но сѐ уште чекаат, со оглед на тоа дека капетанот на бродот не побарал помош.