Sebahatdin Zeyrek
26 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
ДЕНИЗЛИ (АА) - Во подрачјето на Чал, во турскиот Денизли се одржа традиционалната трка на овци преку вода. Традицијата е долга 845 години, поради што овој настан е запишан на листата на нематеријално наследство на УНЕСКО, јавува Anadolu Agency (AA).

Трката започна во утринските часови, а учествуваа 51 пастир со овците.
Познати се и победниците, а на најуспешните им се врачени вредни награди.

Пастирите од неколку околни градови неколку дена претходно започнаа со подготовки на своите овци кои се обоени во посебни бои, а самото натпреварување потсетува на номадските преселби и се одржува во знак на сеќавање на локална легенда.

Легендата вели дека еден овчар од племето Каракојун во Чал ги чувал овците од беговската фамилија Огуз, и наскоро се вљубил во ќерката на сопственикот на стадото. Чобанот ја побарал за жена девојката, а бегот не бил задоволен со изборот на неговата ќерка и им поставил услов три дека да им даваат сол на овците, а потоа да ги префрлат преку реката без ниту една овца да се напие вода од реката. Заљубениот пастир успеал да го изведе условот на бегот, но бегот ниту тогаш не му дозволил да склучи брак со неговата ќерка. Девојката наскоро се разболела и починала, а откако бил обвинет за нејзината смрт и избркан од селото, пастирот го поминал својот живот во планината, свирејќи љубовни песни на својата фрула.