Şafak Yel
27 Август 2018•Ажурирај: 27 Август 2018
ИЗМИР (АА) - На отворени води кај подрачјето на Чешме, кое се наоѓа во турската област Измир, фатени се 183 илегални мигранти кои на нелегален начин се обиделе да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Авион на Крајбрежната стража откри и запре три гумени чамци во ова подрачје, на кои се фатени 139 илегални мигранти со потекло од различни земји од Средна Африка, Ирак, Палестина, Конго, Сенегал, Сирија и др.
Исто така, во близина на островот Алев е запрен уште еден брод, на кој се фатени 44 лица, од кои 21 со потекло од Сирија, 10 со потекло од Палестина и 13 лица со потекло од Ирак.
Мигрантите се донесени на копно, по што ќе бидат пренесени во градската Дирекција за миграција за понатамошни процедури.