Süleyman Elçin
24 Јуни 2022•Ажурирај: 25 Јуни 2022
МУГЛА (АА) - Продолжуваат акциите за гаснење на шумските пожари во подрачјето на Мармарис, во турската југозападна област Мугла, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот што избувна на 21 јуни во Бордубет сѐ уште не е изгаснат. Во текот на ноќта екипите од копно ја гаснеа огнената стихија, а со првите сончеви зраци добија поддршка и од воздух.
Со оглед на тоа што пожарот се заканува да се прошири на подрачјето на постројките за одложување на отпад при Регионалната управа во Мугла, надлежните служби поставија безбедносен коридор за создавање тампон-зона.
На терен се и министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и министерот за земјоделство и шумарство, Вахит Киришџи.