Behçet Alkan
13 Август 2023•Ажурирај: 15 Август 2023
На последниот ден од „Фестивалот на балони и култура во Кападокија“, што се одржа во градот Невшехир во Туркије, балони на топол воздух со различни фигури летаа на небото во подрачјето, јавува Анадолу.
Невшехир од 5 август беше домаќин на различни активности во рамки на фестивалот што годинава се одржа во 11 градови во организација на Министерството за култура и туризам на Туркије.
Меѓу активностите на фестивалот што се одржува во градот, и што ќе заврши денеска, летот на балони на топол воздух со различни фигури се случи за време на зајдисонце.
По подготовките на екипите во фестивалската зона во местото Ѓореме, балоните со различни фигури еден по друг се искачуваа на небото.
Туристите уживаа во шарената глетка додека балоните летаа над самовилските оџаци и природните карпести формации.
По активностите што се одржуваат во текот на денот, „Фестивалот на балони и култура во Кападокија“ ќе заврши.