Hakan Mehmet Şahin
03 Август 2023•Ажурирај: 04 Август 2023
ЕДРЕНЕ (АА) - Турските сили фатија 55 нерегуларни мигранти во Едрене кои илегално влегле во земјата, пренесува Анадолу.
Според добиените информации, граничните и жандармериските тимови реализирале операција против групите што се обиделе да ја преминат границата.
Во овие рамки се фатени 55 нерегуларни мигранти со потекло од Сирија, Египет, Авганистан, Палестина, Пакистан, Иран и Мароко.
Мигрантите се пренесени во градската Дирекција за миграција.