Zafer Fatih Beyaz
14 Октомври 2022•Ажурирај: 15 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Република Туркије, Фахретин Коџа, потврди дека според моменталните информации во експлозијата во рудникот за јаглен во северна Туркије загинале две лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Туркије: Десетици рудари заробени под земја по експлозија во рудник за јаглен
Коџа на Твитер објави дека уште 20 лица се повредени во експлозијата што се случи на длабочина од 300 метри во рудникот за јаглен во Амасра, во црноморската крајбрежна област Бартин.
Претходно, гувернерката на Бартин, Нуртач Арслан, изјави дека спасувачките тимови успеале да извлечат 14 рудари, додека најмалку 49 сé уште се заробени.
Од Турската управа за катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопштено е дека експлозијата во рудникот во населбата Амасра била предизвикана од трансформатор.
Министрите за внатрешни работи и за енергетика и природни ресурси на Туркије, Сулејман Сојлу и Фатих Донмез, пристигнаа во Амасра по инструкции на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.