Zehra Nur Düz
28 Ноември 2022•Ажурирај: 29 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа 14 терористи на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти Министерството за национална одбрана на Туркије, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите планирале да извршат напад во зоните каде беа реализирани операциите „Извор на мир“ и „Маслинова гранка“, соопшти Министерството на Твитер.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на сиријците во матичната земја: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои има жени, деца и доенчиња.