Hüseyin Bağış
22 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
ИЗМИР/МУГЛА (АА) - Турција спаси најмалку 143 мигранти во Егејското Море во два одделни инциденти, соопшти Командата на турската крајбрежна стража, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во подрачјата Чешме и Дикили во западната област Измир, екипите на крајбрежната стража спасија 137 мигранти кои нелегално беа истуркани од грчките власти“, соопшти Командата.
Одделно, тимовите спасија уште 6 мигранти кои на сличен начин беа истуркани од грчките погранични служби во водите на Егејското Море кај Бодрум во југозападната област Мугла.
Турција и групите за човекови права континуирано ја осудуваат грчката незаконска практика за истуркување на мигрантите назад во турските територијални води, потенцирајќи дека со тоа се прекршува меѓународното право и хуманитарните вредности, се загрозуваат животите на ранливите мигранти, меѓу кои има и деца и жени.
Турција е клучна рута за транзит на мигрантите кои имаат цел да преминат во Европа и да започнат нови животи, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција веќе прими 4 милиони мигранти, повеќе од која било држава во светот, и презема нови безбедносни мерки на своите граници за да спречи нов бран мигранти.