Muhammed Gencebay Gür
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Турската полиција во Истанбул приведе американски дипломат од Либан кој се товари дека за 10.000 долари му продал лажен пасош на сириски државјанин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на полицијата во Истанбул се наведува дека инцидентот се случил на 11 ноември на Аеродромот „Истанбул“, кога сириски државјанин се обидел да користи туѓ пасош за да отпатува во Германија.
„Пасошот припаѓал на приведениот дипломат, кој работи во Американскиот конзулат во либанскиот главен град Бејрут“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека на снимките од безбедносните камери се гледа како двајцата осомничени се состануваат на аеродромот, се пресоблекуваат и американскиот дипломат му го дава пасошот на Сириецот.
„Кај дипломатот се пронајдени 10.000 долари во плик и уште еден пасош на негово име“, се додава во соопштението.
Сирискиот државјанин се соочува со обвиненија за фалсификување, но е пуштен на слобода до судењето, додека американскиот дипломат е задржан во притвор.
Странските дипломати обично имаат имунитет од кривично гонење, но тие се предмет на кривично гонење и казнување во земји каде што не се акредитирани. Се чини дека тој принцип важи за американскиот дипломат во притвор, кој беше акредитиран во Либан, а не во Турција.