Cemil Murat Budak
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
АНКАРА
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен го потресе местото Сеферихисар во турската област Измир, известува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците што ги објави Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција, епицентарот на земјотрес со интензитет од 4,1 степен се наоѓа на отворено море во подрачјето на Сеферихисар во областа Измир, во 12:34 часот по локално време.
Земјотресот бил на длабочина од 9,9 километри.