Halil Demir
03 Септември 2021•Ажурирај: 04 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција приведе 18 лица под сомнение дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за неуспешниот пуч во Турција во 2016 година, соопштија денеска безбедносни извори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Осомничените беа приведени во операции со седиште во Истанбул низ 10 области, откако обвинителите во метрополата издадоа налози за приведување на 28 осомничени. Откриено е дека користеле шифрирана апликација за пораки „БајЛок“ на терористичката организација.
Во операциите беа запленети документи и дигитални материјали на организацијата.
Во тек се напори за пронаоѓање на преостанатите лица.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а повредени беа 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на своите приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.