Elif Özlem Çelikler
07 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
БУРСА
Фондацијата за хуманитарна помош ИХХ од Турција, огранокот во градот Бурса, испрати хуманитарна помош на луѓето на кои им е потребна во Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на ИХХ се вели дека испратиле четири камиони со прехранбени производи во Авганистан.
Хусеин Каптан, претставник на ИХХ во Бурса, рече дека Авганистан, кој со години беше под окупација, сега е на работ на глад.
Тој посочи дека секогаш се трудат да им помогнат на загрозените и угнетените низ светот.
„Нашата акција за собирање средства за Авганистан ќе продолжи, сакам да им се заблагодарам на сите наши сограѓани кои одговорија на акцијата и кои не молчат за кризата во Авганистан.“