Nilay Kar
15 Ноември 2018•Ажурирај: 17 Ноември 2018
АЛ РАИ (АА) - Турското Министерство за образование испрати 3,6 милиони учебници за училиштата во северна Сирија, се соопштува од Министерството, јавува Anadolu Agency (AA).
Книгите се ипратени во логистичкиот центар предводен од турската Дирекција за катастрофи и управување со вонредни состојби (AFAD) во Џоубан Бајк, познат како Ал Раи, мал град во покраината Алепо.
Околу 360.000 ученици од основните и средните училишта ќе ги користат учебниците, кои вклучуваат книги со граматика на англиски и арапски јазик, како и книги за наука, математика, физика и хемија.
Учебниците ќе бидат распределени во училиштата во подрачјата Африн, Џарабулус, Ал Баб, Азаз и Маре и во градот Ахтарин, области во кои турските сили спроведоа две големи воени операции против терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна во август 2016 година и заврши во март 2017 година ги елиминира терористите долж сириската граница.
На 20 јануари, Турција ја започна операцијата „Маслинова гранка“ за ослободување на Африн од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ. На 18 март турските трупи и Слободната сириска војска го ослободија централното подрачје на Африн.