Ahmet Sertan Usul
20 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
АНКАРА
Турски воен авион учествуваше во надополнување гориво на американски воени авиони за време на лет во меѓународниот воздушен простор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на вежбата „Joint Protected Entry“ („Заеднички заштитен влез“), турски воен авион во меѓународниот воздушен простор учествуваше во надополнувањето гориво на четири воени авиони Ф-18 на американската морнарица.
Во соопштението на турското Министерство за одбрана, објавено на Твитер, се наведува дека со ова надополнување гориво во тек на лет е спроведена меѓусебна обука.
Министерството објави и снимка од надополнувањето на горивото во тек на лет.
Надополнувањето со гориво во лет (дополнување гориво воздух-воздух) е постапка на префрлување гориво од еден авион (авион танкер) на друг авион за време на лет.
Постапката овозможува авионот надополнет со гориво да остане подолго во воздух. Уште поважно, му се зголемува долетот, што сега зависи само од можностите и заморот на екипажот и од техничките барања на самиот авион, како што се дозволените часови на работа на моторот и потрошувачката на течноста во моторот.
Таков авион може да полета и со помалку гориво, но со поголема количина корисен товар. Во други околности, на полесен авион (со помалку гориво) му треба пократка полетно-слетна писта.