Kemal Karadağ
29 Јануари 2021•Ажурирај: 30 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Турција, Абдулхамит Ѓул, се состана со Салих Мурат, претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На приемот во турското Министерство за правда беа разгледани прашањата за судската соработка и разменети се идеи за работата што треба да се спроведе за подобрување на односите.
За време на состанокот, претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Мурат, изјави дека одблизу го следат турскиот судски систем, кој постигнал значителен напредок во индивидуалната примена.
Зборувајќи дека Турција е земја која доживува позитивен развој на настаните во реинтеграцијата на затворениците во општеството, Мурат истакна дека Турција како една моќна земја ќе обезбеди да станат моќни и балканските земји.