Sefa Şahin
01 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, соопшти дека полицијата во земјата го пронашла и уапсила таканаречениот „емир“ или водач на терористичката организација ДЕАШ за подрачјето на Турција, јавува Агенција Анадолија (AA).
„Уапсениот таканаречен водач на ДЕАШ во Турција е Махмут Озден, тој планирал напади и во Истанбул. Добивал постојани наредби од Сирија и Ирак. Планирал формирање групи од по 10 до 12 терористи за извршување терористички напади во Турција“, рече Сојлу.
Турскиот министер им се заблагодари на полициските сили за успешно спроведената акција.