Emin Avundukluoğlu
25 Јуни 2019•Ажурирај: 26 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот Парламент денес го ратификуваше новиот Закон за воена служба, со кој се намалува периодот на воениот рок за половина, јавува Anadolu Agency (AA).
Вкупно 335 пратеници го одобрија Законот во Парламентот, кој брои вкупно 600 пратенички места, 17 пратеници гласаа против, а двајца беа воздржани.
Новиот Закон го намалува периодот на воената служба од 12 на 6 месеци, со кој и ослободувањето од воениот рок преку плаќање стана перманентна одредба.
Според новиот Закон, од турските граѓани ќе се бара да минат едномесечна воена обука, а потоа ќе бидат ослободени од служење на воениот рок за останатите пет месеци со плаќање на 31.000 турски лири (5.371 долар).