Dilara Hamit
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
ЕДРЕНЕ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа, а уште 30 се повредени во сообраќајна несреќа која на северозападниот дел на Турција ја предизвика возило кое превезувало непријавени мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи во местото Мерич, кое се наоѓа во близина на турската граница со Грција и Бугарија, а на местото на несреќата се наоѓаат голем број надлежни служби.
Возачот на возилото кое ги превезувало непријавените мигранти изгубило контрола над возилото и удрило во ѕид.
Најмалку 10 мигранти загинаа, а 30 повредени се превезени во болница.
Од канцеларијата на гувернерот на Едрене е соопштено дека возачот на возилото претходно одбил наредба на жандармериската патрола.
„Жандармериската патрола воочи сомнително возило и се обиде да го запре, но возачот не застана, туку забрза кон центарот. Возилото изгуби контрола на главната крстосница и удри во продавница покрај патот“, се наведува во соопштението.