Zehra Aydın Turapoğlu
27 Август 2021•Ажурирај: 27 Август 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска и утре ќе престојува во официјални посети на Босна и Херцеговина и Црна Гора, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган ќе ја посети Босна и Херцеговина на покана на Претседателскиот совет на земјата.
Тој ќе се сретне со Жељко Комшиќ, претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, српскиот член на трипартитното Претседателство на Босна и Херцеговина и Шефик Заферовиќ, бошњачкиот член на Претседателството.
На средбите ќе бидат разгледани билатералните односи од сите аспекти и ќе се разговара за чекорите што може да се преземат за продлабочување на соработката.
По покана на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, Ердоган в сабота ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.
За време на средбите што ќе се одржат во Црна Гора, ќе се разговара за билатералните односи во сите нивни димензии и ќе се потенцираат можностите за понатамошен развој на соработката.
За време на двете посети ќе бидат оценети и актуелните случувања на Балканот, а ќе се разменат и мислења за други регионални и меѓународни прашања.