Kaan Bozdoğan
16 Октомври 2022•Ажурирај: 18 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им се заблагодари на сите што упатија свое сочувство за експлозијата во рудникот во северна Туркије, во која загинаа најмалку 41 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во име на турскиот народ, би сакал да ја изразам нашата благодарност до сите пријателски земји, нивните народи и меѓународните организации што ја споделија нашата тага и изразија солидарност“, порача Ердоган преку Твитер.
Тој, исто така, сподели графика со знамињата на институциите и земјите кои испратија сочувство за експлозијата во градот Амасра, во северната турска област Бартин.
Најмалку 110 рудари работеа во окното во петокот вечерта кога се случи експлозијата.
Министерот за енергетика, Фатих Донмез, истакна дека првичните наоди укажуваат дека експлозијата била предизвикана од рударски гасови (метан), експлозивна мешавина од запаливи гасови во рудниците.
Ердоган, кој го посети местото на рударската несреќа, рече дека операциите за пребарување и спасување се завршени, а во тек е истрага.
Тој нагласи дека веднаш ќе им биде пружена поддршка на повредените работници, како и на семејствата на загинатите.