Handan Kazancı
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили утринава приведоа 70 припадници на ФЕТО поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Истанбулската полиција приведе 38 осомничени припадници на ФЕТО во истовремени антитерористички операции низ градот.
Уште 32 осомничени се приведени во антитерористичките операции во други 20 турски области.
Меѓу осомничените има војници во служба и разрешени војници.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.