Seda Sevencan
29 Јули 2024•Ажурирај: 06 Август 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските власти приведоа тројца меѓународно барани криминалци вклучени во повеќе кривични дела, вклучително и трговија со дрога, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, јавува Анадолу.
Али Јерликаја на социјалната мрежа Х изјави дека Александар Густафсон, кого Шведска го бара со црвена потерница на Интерпол за трговија со дрога, перење пари, допинг и фалсификување, е приведен во Истанбул. Тој влегол во Туркије со лажен полски пасош.
Драган Павличевиќ, кого Црна Гора го бара со црвена потерница на Интерпол поради трговија со дрога и членство во криминална организација, е фатен вчера во Истанбул.
Во црвената потерница на Интерпол е наведено дека Павличевиќ, заедно со членовите на криминалната организација, бил вклучен во испораката на 1,5 тони кокаин во Црна Гора, Колумбија, Еквадор, Австралија и Холандија. Тој, исто така, бил вмешан и во пратката од 900 килограми кокаин добиена од Еквадор.
Александар Недевски, кого Шведска го бара со црвена потерница за перење пари и дрога, е приведен во Бодрум во областа Мугла. Тој влегол во Туркије со фалсификуван косовски пасош.