Servet Günerigök
18 Мај 2016•Ажурирај: 18 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Неидентификувани напаѓачи рано утринава запалија четири минибуси и еден камион во населбата Ејуп во Истанбул, соопшти полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициските службеници кои зборуваа под услов на анонимност, изјавија дека напаѓачите ги запалиле возилата со запалив материјал, кој исто така оштети и четирикатна зграда.
Полицијата спроведе истрага со цел пронаоѓање на напаѓачите.
На 5-ти мај во истата населба беа запалени четири автомобили во истата населба.