Cemil Murat Budak
16 Август 2022•Ажурирај: 17 Август 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Туркије соопшти дека турските војници спасиле 107 мигранти кои грчката страна се обидела по незаконски пат да ги потисне во водите на Туркије, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека турските гранични единици во Едрене на 12 август информирале дека се пронајдени 108 непријавени мигранти, а меѓу нив и еден починат маж.
Во текот на давањето исказ, мигрантите рекле дека мажот починал од удар во пределот на главата што му го задале грчките војници.
Мигрантите се пренесени во болница, а телото е пратено на аутопсија.
Министерството за одбрана на Туркије сподели и видео што го направиле мигрантите во текот на престојот во Грција.
Лицата на видеото истакнуваат дека четири дена биле без храна и вода, дека им биле одземени парите, телефоните и останатите предмети, дека лошо се однесувале кон нив и се присилно протерани.
Спасените мигранти изјавија дека во затвор се задржани од денот кога се фатени и дека иста судбина имаат уште стотина лица кои се наоѓаат во рацете на грчките единици.