Sefa Şahin
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои биле во подготовка да извршат напад во зоната каде што беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Преку успешната операција на нашите херојски командоси се неутрализирани четворица терористи на ПКК кои биле во подготовка да извршат напад во зоната каде што беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат““, се вели во соопштението.
Во соопштението се нагласува дека ќе се продолжи со преземање на каква било мерка, со цел одржување на мирот и спокојството во регионот.