Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Турција упати сочувство до Израел за смртоносното стампедо за време на еврејскиот верски собир, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со жалење дознавме за големиот број загубени животи во стампедото за време на одбележувањето на верскиот празник на планината Мерон во северен Израел“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Турција изрази сочувство до народот и Владата на Израел и им посака брзо и целосно оздравување на повредените во инцидентот.
Според „Ерусалим пост“ (The Jerusalem Post), најмалку 44 лица загинаа, а 103 се повредени во стампедо кое се случи рано утрово за време на прославата на еврејскиот празник Лаг Б'Омер.
Израелската полиција започна истрага за несреќата.