Seda Sevencan
23 Декември 2023•Ажурирај: 24 Декември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа пет терористи на ПКК/ЈПГ кои подготвувале напад во северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Анадолу.
Министерството соопшти дека турските војници ги неутрализирале терористите додека тие се подготвувале за напад во зоната на турската антитерористичка операција во северна Сирија.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи безбедно враќање на жителите - „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Терористите на ПКК/ЈПГ се кријат во северна Сирија, во близина на турската граница, каде планираат и вршат напади и врз локалното население и врз блиските населени места во Туркије.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК – која е ставена на листата на терористички организации од Туркије, САД и ЕУ – е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.