Büşra Nur Bilgiç
03 Август 2019•Ажурирај: 04 Август 2019
АНКАРА
Турската армија неутрализираше шест терористи на ПКК во северен Ирак, во координација со операцијата „Канџа“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштение на турското Министерство за национална одбрана објавено на Твитер се вели дека во турските воздушни напади биле уништени складишта за оружје и засолништа користени од страна на терористичката организација ПКК во регионот Хафтанин.
Турските власти честопати го користат терминот „неутрализиран“ за да имплицираат дека терористите за кои станува збор се предале, се убиени или се заробени.
На 27 мај Турција ја започна операцијата „Канџа“ против терористичката организација ПКК во регионот на Хакурк, во северен Ирак.
„На 13 јули Турција ја започна операцијата „Канџа 2“, како продолжение на успешната тековна „Канџа 1“, која откри нови информации за терористичките активности“, се вели од Министерството.
Од почетокот на операцијата „Канџа“ досега се неутрализирани 71 терорист.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на речиси 40.000 лица, меѓу кои жени, деца и новороденчиња.