Büşra Nur Bilgiç
03 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
АНКАРА
Турските обвинители издадоа налози за апсење за 41 лице, поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тие се откриени дека преку говорници комуницирале со тајните имами и високи оперативци на ФЕТО“, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен
„Некои од осомничените биле и полициски службеници на должност“, вели изворот, кој додаде дека на другите осомничени се наметнати административни мерки.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.