Diyar Güldoğan
24 Август 2022•Ажурирај: 25 Август 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили „неутрализираа“ шест терористи на ПКК во близина на турската граница во северен Ирак, соопштија властите денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа цел на зоната на операцијата „Канџа-катанец““, соопшти турското Министерство за национална одбрана на Твитер.
„Нашите операции ќе продолжат сѐ додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, се додава.
Турција ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април имајќи ги за цел засолништата на терористичката организација ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авасин-Басјан, во близина на турската граница.
Таа беше започната по операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ за искоренување на терористите кои се кријат во северен Ирак и планираа прекугранични напади во Туркије.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која е на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.