Esra Tekin
20 Јуни 2024•Ажурирај: 22 Јуни 2024
ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираa петмина терористи на ПКК во Северен Ирак, соопшти денес Министерството за национална одбрана на Туркије, јавува Анадолу.
Министерството преку платформата X истакна дека терористите биле таргетирани во регионите Хакурк, Кандил и во зоната на операцијата „Канџа-катанец“.
„Нашата борба против тероризмот продолжува активно и решително!“, додаваат од Министерството.
Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
Терористите често се кријат во Северен Ирак, веднаш преку турската граница, за да планираат терористички напади во Туркије.
Во 2022 година Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ за да ги таргетира засолништата на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак во регионите Метина, Зап и Авашин-Басјан.