Sena Güler
01 Мај 2021•Ажурирај: 05 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Турските погранични сили открија тунел ископан од Сирија кон Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Благодарение на будноста на нашите граничари херои во [јужната] областа Хатај, откриен е тунел ископан од Сирија кон Турција“, соопшти преку Твитер турското Министерство за национална одбрана.
Запленети се генератор, две хилти, количка, кабел од 300 метри, копач, лопата и батерија што се користеле при ископувањето.