Sibel Kurtoğlu
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим денеска во Истанбул порача дека сите припадници на терористичката организација ФЕТО, кои стојат зад обидот за пуч во Турција, еден по еден ќе одговараат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Моментално, сите кои стојат зад обидот за пуч поединечно ќе одговараат. На почеток го исмејуваа турското правосудство и судовите, правеа театар во судница, но нека прават што сакаат, судот донесува одлуки, една по една. Исто така, една по една доаѓаат доживотните затворски казни. Сите оние коишто се кријат зад обидот за пуч поединечно ќе одговараат и сите кои го изведоа ќе бидат откриени.Крвта на нашите шехиди нема да остане на земја", порача премиерот на Турција Бинали Јилдирим.
Коментирајќи во врска со последните случувања во Сирија и во Ирак, тој рече дека секој кој ќе го нападне угледот и правото на суверенитет на Република Турција, ќе го добие својот одговор.
„Ние ќе направиме се што е потребно за заштита на честа и угледот на нашата земја. Во јужниот дел на земјата, на границата со Сирија и Ирак се настојува да се формира еден појас на злото. Ние знаеме кој стои зад овој проект, но нека знаат дека нашиот народ никогаш нема да дозволи таму да се формира терористичка држава", рече турскиот премиер Бинали Јилдирим.