Gözde Bayar
15 Јануари 2020•Ажурирај: 16 Јануари 2020
БИТЛИС (АА) - Турските безбедносни сили уништија 11 засолништа на терористичката организација ЈПГ/ПКК во источна Турција, велат локални официјални лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Жандармериската команда започна операција во Татван во областа Битлис врз основа на добиени информации“, се вели во соопштението на Гувернерството.
Во соопштението се вели дека биле извршени вкупно 12 жандармериски специјални операции и дека учествувале шест тима за јавна безбедност на жандармеријата.
„Безбедносните сили заплениле 11 засолништа, десетици ровови, пет празни цевки и грејачи“, се додава во соопштението.
Исто така се додава дека операциите за воспоставување безбедност и мир во регионот ќе продолжат.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.