Muhammed Nuri Erdoğan
02 Септември 2020•Ажурирај: 02 Септември 2020
АНКАРА - Турското Министерство за внатрешни работи информираше дека во рамките на операцијата на убедување спроведена од страна на Дирекцијата за безбедност и Командата на жандармеријата, тројца припадници на терористичка организација им се предале на безбедносните сили во турскиот град Ширнак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на терористичката организација изјавија дека на организацијата се приклучиле пред шест години, додавајќи дека за последен пат учествувале во операциите споведени во Ирак.
Во соопштението на турското МВР се наведува дека досега само по пат на убедување на безбедносите сили им се предале 144 терористи.
Од Министерството не се наведува на која терористичка организација ѝ припаѓаат терористите, но во тој регион е активна терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.